ВИДЕО – Безбедносните мерки за Илинден во Крушево на високо ниво, во Крушево формиран и Совет за превенција

Во Крушево денеска беше формиран Совет за превенција каде членуваат 10-тина преставници на повеќе институции, а целта е зголемување на безбедноста во општината и поголема соработка со МВР и помеѓу интитуциите. Според градоначалникот Томе Христоски Советот за превенција бил формиран, но само формално, никогаш не профункционирал.

 

 

„Денеска го промовираме Советот за превенција. И тука ќе се посветиме посебно за настаните кои следуваат тоа е Светското првенство за параглајдери и претстојниот празник Илинден. Најбитна ни е безбедноста на граѓаните на Општина Крушево, а со тоа и безбедноста на граѓаните на цела наша држава. Тоа ни е приоритет. Сакаме одговорно и посветено да работиме со централната власт, а посебно со МВР, со цел привлекување на повеќе туристи и посетители“, изјави Томе Христоски, градоначалник на Крушево.

 

На формирањето на Советот за превенција присуствуваше и министерот за внатрешни работи кој истакна дека безбедносната состојба во Крушево била мирна и стабилна, а криминалитетот и прекршоците за нарушување на јавен ред и мир бил намален за 33%.

 

„Разговаравме околу подобрувањето на условите за работа. Секако да се подобрии тој тренд на ефикасно работење и подготовките околу претстојниот празник Илинден. Посебно задоволство ми е што денес остваривме средба и со градоначалникот на на Општина Крушево, а и да присуствуваме на првата конститутивна седница на Советот за превенција. Тоа е цел која ние како МВР си ја поставивме секаде во соработка со општините да се создадат тие Совети за превенција“, вели Оливер Спасовски миниистер за внатрешни работи.

 

На средбата станало збор и за претстојниот празник Илинден. Спасовски ги повика граѓаните на мирна и достоинствена прослава. Потенцираше дека како и на секој поголем празник ќе имало зголемени безбедносни мерки во Крушево.

 

„Посебно е важно претстојните празници да ги одбележиме достоинствено, бидејќи на таков начин ќе ја почитуваме нашата традиција, нашата историја, меѓутоа и сите заедно ќе се свртиме и кон иднината. Да изградиме силна и стабилна С. Македонија. И од тој аспект ги повикувам сите граѓани да се приклучат на оваа прослава, заедно и достоинствено онака како што и доликува на Македонија да го прославиме 2-ри август. Ние секогаш имаме за сите настани, а особено овие кои се големи по бројност и значење зголемени мерки на безбедност, согчасно со проценките кои се прават ќе биде формиран посебн штаб кој што ќе работи како и секоја година и на тој начин максимално ќе се грижиме за безбедноста на граѓаните и посетителите и сите оние кои ќе учествуваат за прославата на 2-ри август“, додаде Спасовски.

 

За празникот Илинден во Крушево ќе има и посебен сообраќаен режим во и околу градот на 1-ви и 2-ри август.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи