ВИДЕО – Русија го одбележа „Денот на сеќавањето“ на германските гробишта во Прилеп

По 5-ти јубилеен пат Руската федерација претставувана од амбасадорот на Русија во Македонија, Сергеј Баздникин, на Споменикот на руските војници кој се наоѓа на германските гробишта во Припеп, го одбележаа „Денот на сеќавањето“ во спомен на руските војници кои загинале во Првата светска војна. На споменикот беше положено свежо цвеќе, a Баздникин порача дека конфликти од ваков виид никогаш не треба да се повторат.

 

 

„Пораките кои ги извлековме од таа војна зборуваат за тоа дека треба да преземеме се оваа трагедија никогаш да не се повтори и секако оддаваме почит на сите загинати Руски војници кои на територијата на вашата земја ги има околу 5.000“, истакна амбасадорот на Русија во Македонија, Сергеј Баздникин.

 

Запрашан за тоа каква е соработката помеѓу Македонија и Русија Баздникин само кратко одговори дека е добра, но требало да се работи на нејзино подобрување. Сепак не сакаше да конкретизира во кои полиња и како да се подобри.

 

Присутните упатија порака дека ова војна е доказ дека сите конфликти и недоразбирања треба да се решаваат со дијалог.

 

„Нека ова ни служи како една препорака, како едно предупредување сите недоразбирања, конфликти, и проблеми помеѓу националностите, меѓу државните, меѓу соседите да се решаваат на мирен начин, а не преку војна“, изјави Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

Претставници на МПЦ одржаа и панихида за загинатите војници.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи