Антикорупциска со кривична за градоначалникот на Сарај поради дивоградбите на Матка

Facebook
Twitter
Email
Print

Државната комисија за спречување на корупцијата поведе постапка за кривично гонење на градоначалникот на општина Сарај поради дивоградбите на Матка.

 

По увидот на лице место и увидот  во  целокупната документација,  Комисијата за спречување корупција утврдила дека градоначалникот Беџети имал законска обврска да ги одбие барањата за легализација на времените објекти, но наместо тоа тој овие предмети ги чувал во фиока.

 

„Градоначалникот е надлежен да решава во управни работи за права, обврски и интереси на правни и физички лица согласно закон. Бидејќи станува збор за дивоградба од времен објект, таа не може да биде предмет на легализација. Од друга страна кога некое барање за легализација ќе влезе во Општината тоа всушност влегува во некој процес. Злоупотребата е токму тука да се чува тоа барање во некој процес и да не се одговара“, појасни меѓудругото претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

 

Со ваквото непостапување, антикорупционерите сметаат дека е прекршен законот за локална самоуправа. Покрај постапката за кривично гонење,  антикорупциска исто така ќе испрати и предлог до Владата обврските на општината  да ги превземе Министерството за транспорт и врски, а Министерството за животна средина и просторно планирање да ја прогласи Матка за заштитено подрачје.

 

Инаку, до Општина Сарај биле поднесени две барања за легализација на дивоградба од времен карактер на 8 февруари 2018 година од Амед Саити и на 24 декември 2018 година од страна на Џемаил Саити.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи