ВИДЕО – Над 150 параглајдеристи од 49 држави – во Крушево вечерва се отвори Светското првенство во параглајдери

Во Крушево вечерва беше отворено 16-тото Светско првенство во параглајдери, во дисциплината прелети. На првенството учествуваат 150 учесници од 49 држави од светот, што е досега рекорд во одржувањето на светските првенства во овој спорт. За да ја добие организацијата на оваа натпреварување Македонија се бореше во конкуренција на најголемите светски сили во параглајдерството.

 

 

„Добиваме една престижна манифестација која многу земји се трудат да ја добијат. Ова првенство заврши во Македонија откако ја победивме Австрија, а во претходните натпревари победивме земји гиганти како Швајцарија, Турција. Секојс е бори за тој натпревар затоа што е престиж“, изјави Горан Димишковски, директор на натпреварот.

 

Овие настани го промовираат Крушево и Македонија како топ светска дестинација за овој вид на спортски туризам.

 

„Веќе имаме закажано светско првенство во прецизно слетување и светско првество во змаеви во 2021 година. Така што овој тренд само може да продолжи и со тоа да го промовираме Крушево како една голема туристичка дестинација“, истакна Мартин Јованоски, организатор на натпреварот.

 

Учесниците кои тука ги има и од најоддалечените земји во светот како Јапонија, Австралија, Јужна Кореја, Мексико, Аргентина, САД и други вепат дека Крушево ги има еднии од најдобрите термички услови за летање во светот.

 

„Условите за летање во Крушево и во Македонија се одлични, летањето е одлично. Базата на облаци е високо, термиката е силна, денот е долг, има супер безбедни услови за летање“, Нода Спрад, натпреварувач од Белгија.

 

„За прв пат сме тука како селекција на Еквадор во Македонија, условите се неверојатни, пределот е прекрасен, многу поразличен од Еквадор, а луѓето се прекрасни“, Хозе Андраре, натпреварувач од Еквадор.

 

Македонија ја претставуваат 3-јца натпреварувачи кои се надеваат на добар пласман.

 

„Тука се најдобрите од целиот свет, избрани 150 луѓе, со посебна покана, неможе било кој да учествува“, рече Ѓорѓи Ристовски, натпреварувач од Македонија.

 

Натпреварот со летање започнува утре од полетувалиштето на Мечкин Камен.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи