Во Крушево се одржа Влашка вечер

Синоќа се одржа традиционалната влашка вечер во рамки на Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ со настап на неколку музички и играорни групи од државата и од Србија.

 

На влашката вечер свое обраќање имаше градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски кој порача дека продолжува традицијата на одржување на денот на одбележување на културата на власите во рамки на Средбите.

 

„Крушево е симбол на концептот на едно општеството за сите, каде обичаите од сите етнички групи се негуваат и промовираат. Во Крушево денес отворено зборуваме за македонската култура, за влашката култура, за албанската, турската и други. Доказ за тоа се низата настани кои ги организираме, а директно ги претставуваат власите и сите етнички групи во општина Крушево.“, рече градоначалникот пред присутните.

 

Досега во рамки на „Десет дена Крушевска Република“ се одржа Унгарскиот ден со поддршка на Амбасадата на Унгарија, а со учесници од Северна Македонија, Србија и Унгарија. Како дел од овој ден се полагаше цвеќе на спомен плочата во чест на унгарските бегалци од 1956 година, потоа промоција на книга „Под пазувите на Коријата“ на Никола Јованоски и вечерна музичка манифестација во центарот на градот.

 

На 2-ри август покрај централната прослава на Мечкин Камен на градскиот плоштад „Никола Мартиноски“ во вечерните часови своја програма имаше Здружението на пезнионери од Крушево.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи