Маск: Прототипите за Старшип ќе полетаат до крајот на август

По успешениот пробен лет на ракетата „Стархупер“, главниот извршен директор на „Спејсикс“, Илон Маск, објави дека неговата компанија планира да го заврши прототипот „Старшип“, летало кое еден ден би требало да пренесе и до 100 луѓе на Месечината и на Марс, до крајот на август.

 

„Спејсикс“ моментално гради прототипови „Старшип“ во своите погони во Тексас и Флорида, а преку „Твитер“, Маск се пофали со напредокот.

 

„Штотуку заминавме од местото на изградбата на ‘Старшип’ во Тексас. Горд сум на напредокот кој го постигна тимот на ‘Спејсикс’, напиша Маск.

 


 

На фотографијата е прикажана преграда во форма на купола пред поставувањето на врвот на цилиндрично челичната рамка на прототипот на летало. Исто така, прикажана е и структурата која Маск ја нарекува ветробран, а се користи против ветер во Тексас.

 

Целта на пробните летови на „Стархупер“ е да се олесни постапката на лансирање и слетување на вселенски летала, додека самиот „Старшип“ се гради за превоз на луѓе.

 

„Спејсикс“ во јули успешно изведе пробно лансирање и слетување на ракетата „Стархупер“, при што ракетата успеа да се издигне високо во воздухот ( целта на компанијата била 20 метри), пред слетување во фабриката на компанијата „Бока Чика Бич“ во Тексас.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.