Природен резерват среде океан – мал рај на земјата

Уникатен по својата убавина, нереална природа, но и специфичната карпа која привлекува многу љубители на скокање од карпи, островот Вила Франка до Кампо е еден од најубавите острови од овој тип.

 

Откако тука прв пат било одржано светско првенство во скокање од карпи, бројни туристи сакаат да го посетат и да скокаат од 20-тина метри високата карпа.

 

Островот Вила Фанка до Кампо навистина е вистински мал рај на земјата за љубителите на летните морски активности. Се наоѓа спроти истоимениот град, односно на еден километар од брегот на најголемиот остров Азора – Сао Мигел.

 

 

 

Овој вулкански остров е стар околу 4.000 години и е една од најголемите туристички атракции на Сао Мигел. Внатрешноста на островот крие речиси совршено кружно природно езеро, кое е поврзано со Атлантскиот океан преку тесен премин.

 

Благодарение на богатата флора и фауна која го окружува, класифициран е како резерват на природата. Таму можете да видите голем број на разни видови птици, а поради богатиот подводен свет, овој остров ги привлекува и оние кои сакаат да нуркаат.

 

Од јуни до септември од градот Вила Франка до Кампо се организираат редовни бродски тури до островот, а картата чини неполни 10 евра.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.