Ќе се снима римејк на „Сам дома“

Од „Дизни“ потврдија дека работат на новите верзии на популарните детски филмови од категоријата „Fox“ кои неодамна ги презеле. Меѓу нив се „Ноќ во музејот“, „Дневникот на Грег“ и на голема радост на сите обожаватели „Сам дома“, приказната која во 1990-та година на Меколи Калки го издигна во ѕвездите и стана најпознатиот филм на сите времиња.

 

Претсдателот на управата на Дизни, Боб Игер најавил дека новите верзии на детските класици се наменети првенствено за „Дизни+“ која првата година на постоење ќе ја заокружи со повеќе од 400 филмови и 7.500 епизоди на серии. Веќе претходно најавено е дека се работи и на римејкот на анимираниот класик „Дама и скитници“ во кој гласовите ќе ги позајмат Теса Томпсон и Џастин Терокс, пишуваат од „The Independent“.

 

Филмот „Сам дома“ во кината бил пуштен кон крајот на 1990-та година и станал еден од најплатените и најомилените филмови на сите времиња. Снимен со буџет од 18 милиони долари во режија на Крис Колумбус заработил повеќе од 476 милиони долари додека пак вториот дел, снимен две години подоцна, заработил респектабилни 359 милиони долари.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien