Божествена литургија и панихида за Карпалак утре во црквата Света Петка во Точила

Почитувани верници, браќа и сестри во Христа, во светлината на преданието, од нашите предци нам предадено, на ден 08.08. 2019 година (четврток) Ве покануваме заедно да го почувствуваме духот на вековното православното чествување и да го прославиме празникот посветен на нашата закрилничка и молитвена застапничка пред Христа, св. преп. мчца.

 

Параскева (Петка) Римјанка, а во сеќавање на нејзиниот живот кој претставува поука и пример за исполнување на Евангелието. Молитвеното чествување ќе започне со празнична вечерна богослужба во среда (07.08.2019 ) со почеток во 17:00 часот.

 

Литургиското чествување ќе започне во 8.00 ч., со кое ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, со учество на црковните хорови при храмот и ќе продолжи со празнична трпеза во храмот „Св. св. Кирил и Методиј“.

 

Исто така утре ќе се одбележи со панихида споменот за загинатите на Карпалак.

 

Со почит, в. д. старешина протоереј Љупче Петрески со свештенството и настојателството при храмот „Св. преп. мчца. Параскева (Петка) Римјанка“ – Точила.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи