Две лица повредени во сообраќајка на патот Прилеп-Битола

Сообраќајна несреќа во која повредени се две лица се случила вчера околу 21:15 часот на патот Прилеп-Битола, на место викано „Бучила“.

 

Од МВР информираат дека во несреќата учествувале товарно возило „Цитроен“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.Г.(57) од Радовиш, и патничко возило „Сузуки Свифт“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.Б.(31) од Прилеп.

 

„Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил В.Г., а со телесни повреди се здобил Д.Б. по што биле пренесени во Градската болница Прилеп за укажување на лекарска помош“, велат од МВР.

 

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи