Антикорупциска ќе испитува дали има партиски вработувања во прилепската болница

Државната комисија за спречување на корупција конечно оформи предмет и отвори постапка за вработувањата во прилепската болница, односно антикорупциска ќе истражува дали имало партиски вработувања и на кој начин се вработени лицата, информира Алфа.

 

Од обвинителството пак велат дека ги следеле сите информации.

 

„Основното јавно обвинителство Прилеп го следи сите информации во врска со објавените снимки и ќе постапи доколку бидат утврдени елементи на кривично дело“, велат од обвинителството.

 

ВМРО-ДПМНЕ за ваквиот скандал бара остава не само на министерот Сугаревски, туку на цела Влада.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien