Детали за тешката сообраќајка на патот Градско-Прилеп, идентификувана жртвата

Facebook
Twitter
Email
Print

Едно лице го загуби животот, а пет се повредени во сообраќајна несреќа која се случи вчера во 8:30 часот на магистралниот пат Градско-Прилеп, кај с.Дебриште.

 

„Сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко моторно возило „Голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Р.Д.(34), од с. Острец- битолско и патничко моторно возило „Ланд ровер“ со велешки регистарски ознаки, управувано од О.Г.(30) од Велес. Во незгодата починал сопатникот од возилото “Голф“ Б.Д.(36)“, информираат од МВР.

 

Со тешки телесни повреди се здобил возачот Р.Д., додека возачот О.Г. и тројца сопатници од двете возила се здобиле со телесни повреди.

 

Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Велес.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи