Боки 13 и Кичеец добија по уште 30 дена притвор

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд  го прифати предлогот на  Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и ја продолжи мерката  притвор за Бојан Јовановски Боки 13 и Зоран Милески  познат како Зоки Кичеец за случајот „Рекет“.

 

„По разгледување и ценење на фактите и доказите Кривичниот совет донесе решенија со кои го прифати предлогот и ја продолжи мерката притвор за нови 30 дена“ соопштија од Судот.

Боки 13 и Зоки Кичеец беа уапсени на 15 јули и по распитот во Основниот кривичен суд Скопје им беше одредена мерка притвор од 30 дена. Двајцата се осомничени за кривичното дело Примање награда за противзаконито влијание, а Боки 13 е осомничен и за кривичното дело Перење пари.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.