ВИДЕО – Заев: Нема да дозволам еден педер да ја урне владата!

Премиерот Зоран Заев денеска по приемот за годишнатата од Рамковниот договор даде изјава дека немало за дозволи неколку криминалци, еден суетен новинар и еден, како што рече, педер, да ја бутнеле Владата.

 

„Секаде за кој ќе има докази, кој е инволвиран во зимање на пари, секој го прекрил закон. Нашата земја нема стрелање и бесење, има затвор. Шпекулациите кои одат до таму, обидувајќи се некој да ме инволвира мене, уште еднаш да напоменам, јас сум Зоран Заев, дојдов со поддршка од граѓаните, борејќи се за правна држава. Јас сум борец и ќе продолжам да се борам за овие вредности до крај, додека граѓаните ми даваат поддршка. Секако дека нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и да ми извини ЛГБТ заедницата, еден педер, да ја симнат оваа влада од власт. Не, ќе се бориме до крај, затоа што секој што се инволвирал, ќе си носи одговорност“, рече Заев.

 

ИЗВОР ВИДЕО – Алсат – М и МИА

 

 

 

Изјави по одбележувањето 18 години Рамковен договор

Posted by MИА.mk on Tuesday, August 13, 2019

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien