Гајсер: Завршува политичката кариера на Заев

Италијанскиот новинар кој ги објави видео и аудио-снимките за случајот „Рекет“ во весникот “Ла Верита“, Ларис Гајсер, денеска во словенечкото радио “Каподистриа“ ја коментираше актуелната состојба во Македонија и му предвиде крај на премиерската кариера на Зоран Заев.

 

„После ова сигурен сум дека Заев е на крајот на неговата кариера и оти е прашање на време кога Собранието и Претседателот ќе сфатат дека ќе биде подобро Заев да биде разрешен за да имате пофункционален меѓународен претставник, бидејќи во моментов Заев претставува проблем и не може да ја застапува Северна Македонија. Опциите се – прво – или владина криза со избори, иако Пендаровски ова не го гледа како можна опција без претходно да има попис на населението, или – ова е моја сугестија, да има преодна Ад интерим Влада, со услов да биде сменет само Заев“, истакна Гајсер.

 

Гајсер вели дека се залудни се обидите на власта во Скопје да прикажат дека наводно е во дел од некоја игра на Груевски или Орбан со цел да се спречи евроатланската иднина на Македонија.

 

„Сите веруваа дека ние сакаме да ја срушиме Владата што е небулоза. Сум слушнал и гласини дека јас сум му десна рака на Орбан и дека му помагам на Груевски во неговата одмазда, поради тоа што му се случило и потенцирам дека не го знам лично Орбан, ниту Салвини. Не вреди да коментирам такво нешто. Си ја работам работата како коментатор на настаните и верувам во она што го работам. Ме обвинуваат дека наводно создавам сценарио за да го спречам евроатланскиот пат на Македонија, тоа е измислица. Јас верувам дека проблемот е токму Заев. Тој сигурно не е решение. Ова значи дека од меѓународна гледна точка проблем е Северна Македонија да има премиер како Заев кој се претвори во товар за неговата земја. Тој треба да интервенира што е можно побрзо за да може да биде чист пред толку важна институција каква што е НАТО. Тој треба да биде сменет што поскоро, да биде чиста за да влезе во таква Алијанса“, додава Гајсер.

 

Гајсер повторно ја обвини шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини дека сè уште молчи за целата афера во Скопје.

 

„Во целава ситуација единствено молчат федерика Могерини, којашто ја поддржуваше Катица Јанева и премиерот Зоран Заев“, заклучува Гајсер, оценувајќи дека некои од Меѓународните претставници не сакаат да ја видат корупцијата во Македонија.

Во полачасовното дебатирање, Гајсер не најави дали ќе продолжи со објавување на нови разговори.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.