Концерт на староградска песна со октетот “Прилеп“

Октетот „Прилеп“ во четврток 15 август од (20 часот) во фоајето на ЦК „Марко Цепенков“ ќе одржи целовечерен летен концерт и пред љубителите на убавата староградска песна ќе се претстави со избрана програма.

 

Посетителите ќе можат да уживаат во изведбите на повеќе староградски песни,  и во настапот на октетот. Гостин на вечерта ќе биде вокалната група „Серенада„ од Скопје.

 

Октетот години наназад работи под покровителство на ЦК „Марко Цепенков“ и ја негува староградската песна и го претставува градот на бројни фестивали. Досега има издадено неколку албуми.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien