OJO реагира за притисок од Пендаровски – претседателот тврди дека не се меша во работата на Обвинителство

Преку писмено соопштение реагираше Обвинителството на вчерашното обраќање на претседателот Стево Пендаровски, дека не е време за напади на институциите и дека нема да биде дозволено дискредитирање на обвинители и мешање во кривични постапки од страна на политичарите. Од ОЈО тврдат дека за предметот Рекет постапувале неселективно и навремено  и дека инволвираните во кривичните дела ќе одговараат пред законот, а политичките притисоци ќе влијаат штетно.

 

„Подлегнувањето на политички притисоци и мешање во работата на обвинителството, штетно влијае врз текот и успешноста на истражната постапка и врз обезбедување на доказите“, стои во реакцијата на ОЈО.

 

За ова реагираше и самиот Пендаровски кој на својот Фејсбук профил напиша дека по ниту еден основ нема направено дискредитација на Обвинителството, ниту пак постоела намера за напаѓање на надлежните институции и мешање во кривичните постапки коишто се во тек.

 

„Потенцирам дека во своето обраќање изразив целосна поддршка за надлежните институции, а особено на обвинителството и судот и истакнав дека ќе сторам се, за да ги заштитам од евентуални притисоци при спроведување на истрагата и целосно расветлување на случајот „Рекет“. Уште еднаш укажувам дека е потребно ефективно, брзо и темелно завршување на истрагата за случајот „Рекет“ почитувајќи го начелото на презумпција на невиност“, напиша шефот на државата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.