ВИДЕО – Поставена информативна табла на споменикот на Александар Македонски во Прилеп, согласно Преспанскиот договор

И на споменикот на „Александар Македонски“ на плоштадот „Александрија“ во Прилеп денеска беше поставена информативна табла на која пишува дека Александар Велики е историска фигура која припаѓа на античката Хеленска историја и цивилизација и на светското културно наследство. Таблата е напишана на македонски и англиски јазик и забележително е тоа што е премногу миниијатурна во однос на споменикот.

 

 

Од Општина Прилеп рекоа дека тие само постапуваат по одлуката на Владата соглчасно одредбите на Преспанскиот договор и немаат повеќе коментар околу поставувањето на таблите. Поголем дел од граѓаните пак се против поставувањето на истата.

 

Не треба вакви табли да стојат на споменикот на Александар Македонски. Тој е Македонец и Македонец ќе си остане. Зошто нема нииту еден Грк кој се вика Александар ако е Македонец. Тука не треба да има има дилема“, вака одговориија најголемиот дел од анкетиираните прилепчани.

 

Инаку вакви информативни табли пред 2 дена беа поставени и на спомениците на Александар Македонски во Скопје како и спомениците на Филип 2 и споменикот на Олимпија.

 

Но таблите не издржаа ниту една ноќ, по што дел беа отстранети, а дел оштетени. Од Градот Скопје најавија дека во иднина спомениците ќе бидат под засилен надзор и инспекции.

 

Инаку Споменикот на Александар во Прилеп е донација од американскиот бизнисмен со прилепско потекло, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, а изработен е од познатиот прилепски скулптор  Жарко Башески.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien