Викендов во Крушево ќе се одржи „ФИС Ролер ски куп Тоше Проески“

Викендов, од 23 до 25 август, во организација на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), а со поддршка од Агенцијата за млади и спорт (АМС), во Крушево ќе се одржи „ФИС Ролер ски куп Тоше Проески”.

 

„АМС заеднички со СФМ за многу краток период успеаја да го издигнат „ФИС Ролер ски куп Тоше Проески” на ниво со останатите меѓународни манифестации во регионот. Потврда за тоа е што од година во година имаме се повеќе пријавени натпреварувачи и учесници, со што и оваа година ќе гледаме интересни и квалитетни трки на патеките во Крушево“, истакна Каевски на денешната прес-конференција.

 

Досега учеството покрај нашата репрезентација го потврдија уште и Босна и Херцеговина, Грција и Србија.

 

Овие натпревари се бодуваат исто како и зимските натпревари, така што сите учесници добиваат бодови за крајната ФИС листа и влегуваат во оние квалификациски натпревари за бодување и пласман на зимските олимписки игри.

 

Натпреварите ќе се одвиваат во неколку дисциплини:

 

Петок 23 август – спринт на 1,2 км. во машка и женска конкуренција, која ќе се одржи на влезот во Крушево
Сабота 24 август – 12 км. машка и 6 км. женска конкуренција, од Кривогаштани до Крушево
Недела 25 август – 10 км. машка и 5 км. жени, од фабриката СЕКЕ до Спомен куќата на Тоше Проески

 

На трките ќе учествува и нашиот олимпиец Ставре Јада, кој повторно најави атак на првото место.

 

 

„Овој период е исполнет со доста трки од кои секоја една е важна за мене, сакам да го извлечам максимумот од секоја трка, спремен сум за тоа. Пред 5 дена се вратив од Словенија каде бев на подготовки и не сакам да ги потценам учесниците кои ке ги има од Србија, Босна, Грција, Хрватска. Се чувствувам добро подготвен и одам на најдоброто на секоја една трка“, изјави Јада.

 

За прв пат на купот ќе бидат организирани и детски натпревари во категорија до 12 и до 14 години.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи