МЗШВ го поништи огласот за вработување на советник на дополнителен заменик министер

Facebook
Twitter
Email
Print

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го поништи огласот за работната позиција советник на дополнителен заменик-министер. Од Министерството велат дека направиле техничка грешка и превид во работната позиција, па поради тоа огласот ќе се поништи.

 

Вчера Министерството преку оглас бараше советник за плата од околу 25.000 денари за дополнителен заменик министер – функција која воопшто не постои, односно се формира само за време на пржинска, односно техничка влада пред избори.

 

Во обајвениот оглас, освен советник за работи на дополнителниот заменик минстер, се бара и вработување на уште 40 тина други државни службеници.

 

Инаку во Министерството веќе има тројца посебни советници кои го советуваат министерот Трајан Димковски.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи