ВИДЕО: Заев најави серија мерки за финансиска самоодржливост на локалните медиуми

Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање околу состојбата на локалните и регионалните медиуми, кои секојдневно се соочуваат со разни проблеми, поради што дел од нив и згаснаа, нагласи дека се дефинирани повеќе мерки кои треба да помогнат околу финансиската самоодржливост на медиумите, притоа да ја задржат својата независност.

 

 

„Многу важна работа е транспарентноста, локалните медиуми, регионалните, националните медиуми се навистина очите и ушите на јавноста и тие се будното око кое на секој извршител кој што добил чест да управува со јавни ресурси, јавни добра, во име и на сметка на граѓаните, под будното око на новинарите тоа го прави економично, транспарентно и ефикасно.

 

Пред 5 до 7 дена одржавме состаноци со претставници на локалните медиуми, на регионалните медиуми и со претставници на националните електронски медиуми. Дефиниравме сериозни постапки и законски измени и решенија кои што на крајот треба да овозможат сериозен финансиски ресурс за самофинансирање на самите медиуми, каде што Владата, извршната власт ќе биде надвор од било какво трошење на јавни пари од буџетите, но сепак преку одредени мерки, вкупно 5-6 колку што ги развивме, а ќе отвориме сега дебата и со вас со медиумите, верувам дека ќе направиме трајна одржливот, притоа почитувајќи ја независноста на медиумите. Штом ќе бидат завршени овие работи, вашите претставници, претставниците на здружението на новинарите и претставници на локалните, регионалните и националните медиуми, заедно со претставниците на Владата и парламентот ќе ги споделиме сите детали околу оваа работа“, рече Заев.

 

Сепак мора да се истакне дека локалните власти не се придржуваат до овој став на премиерот и преферираат финансиски да поддржат медиуми од други општини, а во голема мерка се прави селекција кои локални медиуми би биле помогнати не било кој начин, што секако фрла дамка врз транспарентноста за која што зборува премиерот.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи