ВИДЕО – Заев: Ќе се развиваат еколошки проекти во сите градови ширум РСМ

Премиерот Зоран Заев, кој денес присуствуваше на пуштањето во функција на четирите нови автобуси на метан во градскиот сообраќај во Прилеп, најави дека во следниот период ќе следат голем број на проекти од екологијата во државава, меѓу кои и супституција на грејните тела на фосилни горива со инвертори и други системи за еколошко греење.

 

 

„Денеска сум овде во Пелагонискиот регион, покрај во Прилеп поминуваме и во делот на Новаци и Битола, каде што гасификацијата веќе е стигната, односно го помина градот Прилеп. Веруваме дека следните проекти ќе бидат инвестирање во гасоводната мрежа, која што ќе придонесе дополнително за еколошките вредности на Прилеп и важно е за прилепчани домовите да бидат поврзани на гас, фабриките да бидат поврзани на гас затоа што така придобивките се поголеми.

 

Сакам да ја инвормирам јавноста дека ми е драго како претседател на Владата што општините се вклучуваат во овие еколошки активности. Владата веќе ја подготвува програмата за супституција во неколку града, што ќе почне пред грејната сезона, за замена на грејните тела на фосилни горива со високовредносните инвертори и други системи за еколошко греење и ладење, што како огромен проект се развива во владините институции и јавните претпријатија. Верувам дека сите заедно ќе допринесеме Република Северна Македонија да биде еколошка земја.

 

Нема поважно од екологијата, нема поважно од здравјето. Покрај приклучоците на гасификацијата, крајот на септември и октомври почнуваме со чистење на Топлификација, со чистење на згурите од Југохром, огромни проекти ќе се развиваат од еколошката средина во сите градови ширум Република Северна Македонија и верувам дека на тој начин сите че бидеме горди и среќни граѓани, а нашите млади да имаат уште една причина да останат во земјава“, рече Заев.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи