Во полско село веќе 10 години се раѓаат само девојчиња – следува награда за машко бебе

Во селото Мјесце Одржански во Полска веќе 10 години се раѓаат само бебиња од женски пол. Во малото место, кое се наоѓа на југот на Полска, близу границата со Чешка живеат  само 300 луѓе, а во изминатата деценија се родени 12 бебиња, девојчиња, а ниту едно момче.

 

Претседателот на месната заеднива Рајмунд Фришко, инаку татко на две девојчиња, понудил парична награда за првата брачна двојка кои ќе станат родители на момче.

 

„Толку многу се зборува за ова во медиумите што дури размислувам, кога ќе се роди момче да именуваме улица по него, дури и да засадиме даб во негова чест. Тоа ќе биде убав подарок за него“, вели Фришко.

 

Тој открива и дека некои научници се заинтересирале да испитаат зошто во местото се раѓаат само девојчиња.

 

„Постојано добивам повици од доктори од целата земја со совети како да се зачне момче. Неодамна ми се јави доктор од централна Полска кој вели дека полот на бебето зависи од исхраната на жената, и дека треба да биде богата со калциум ако сака да роди момче“, вели Фришко.

 

Необичниот случај ги заинтригира и медиумите, па така овој феномен доби меѓународно внимание.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи