Додека вниманието е насочено кон Амазонија, гори огромен дел од Централна Африка

Facebook
Twitter
Email
Print

Интензитетот на пожарите во Амазонија предизвика загриженост низ целиот свет, но реалноста е дека во Централна Африка има повеќе пожари.

 

Само во два дена од минатата недела, во Ангола се забележани околу три пати повеќе пожари отколку во Бразил, покажуваат податоците кои агенцијата Блумберг ги доби од аналитичката метеоролошка компанија Ведер сорс.

 

Во Ангола се забележани 6.902 пожари, додека во соседна Демократска Република Конго се документирани 3.395, во споредба со 2.127 огнени стихии во Бразил.

 

Многумина веруваат дека земјоделците ги исекле растенијата, за потоа да ги запалат за да ја расчистат земјата и да ја претворат во обработлива земјоделска површина, што претставува најевтиниот начин да се расчисти земјиштето, но и метода за уништување на растителните болести, додека пепелта се смета за хранлива за растенијата што ќе бидат засадени.

 

Оваа земјоделска техника, позната и како „сечи и пали“, предизвикува големи контроверзии и еколозите предупредуваат дека може да доведе до исчезнување на шумите, ерозија на тлото и губење на биодиверзитетот.

 

Палењето се случува секоја година пред сезоната на дождови која во Ангола и Конго ќе почне за еден месец. Можеби тоа е дел од објаснувањето зошто пожарите во овие две африкански земји не привлекуваат толкаво внимание.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи