Путин им понуди на САД да купат хиперсонично оружје од Русија

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека му понудил на својот колега Доналд Трамп можност да го набави најновото оружје од Русија, вклучувајќи го и хиперсоничното.

 

Путин на пленарната седница на петтиот Источен економски форум (ЕЕФ) рече дека на последната средба со американските партнери во Осака, Јапонија е поставено прашањето за  современото руско оружје, вклучувајќи ги и хиперсоничните ракетни системи, имајќи го предвид фактот дека ниту една земја во светот сега не ги поседува овие оружја, вклучително и САД, објави ТАСС.

 

„Му реков на Доналд следново: ‘Ако сакате, можеме да ви продадеме оружје и на овој начин ќе изедначиме сè. Но, тие велат дека ќе го произведат наскоро сами. Тој веројатно ќе успее, но зошто да се изгубат пари кога веќе ги потрошивме и можеме да добиеме нешто назад без да ѝ наштетиме на нашата безбедност, туку да создадеме рамнотежа“, рече Путин.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien