Москва: Бугарија ја преработува историјата, тоа е опасен тренд

Бугарија се занимава со преработување на историја кога зборува за таканаречената репресија од Црвената армија, а тоа е опасен тренд,  изјави портпаролоката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова во интервју за ТАСС.

 

„Свесни сме дека секоја земја има свои политички преференци и трендови. Имајќи предвид дека изјавата беше официјална, нашата амбасада реагира на истиот начин. Отворено зборувавме за неприфатливоста на искривоколчувањето на историјата. Тоа е апсолутно јасен показател дека Бугарија ја преправа историјата. Тоа е опасен тренд бидејќи е нелегитимен“, истакна Захарова, коментирајќи ја изјавата на бугарското Министерство за надворешни работи.

 

Во изјавата се истакнува дека штитовите на Советската армија донеле половина век репресија задушувајќи ја граѓанската совест кај луѓето од Централна и Источна Европа заедно со деформираниот економски развој и изолација од процесите што се одвиваа во развиените европски држави, поради што Русија ја прогласи за „неморална“ позиција на Министерството за надворешни работи на Бугарија.

 

Дипломатскиот спор меѓу Бугарија и Русија започна во вторникот кога бугарското Министерство за надворешни работи го осуди наводно „сомнителното“ историско тврдење на Русија за „ослободување“ од нацизмот, а по повод изложбата на руската амбасада насловена „Изложба 75 години од ослободувањето на Источна Европа од нацизмот“.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien