ВИДЕО – Локализиран пожарот кој му се закануваше на Подмол, жителите вечерва со стражи ќе го чуваат селото

Огромниот пожар кој му се закануваше на прилепското село Подмол и кој стигна на само околу 300 до 400 метри до самото населено место е локализиран и на повеќе места и изгаснат. Но сепак жителите ќе стражарат цела вечер за да случајно истиот не се повтори. Но сега опасност постои за околните села Лопатица и Бонче каде се префрли огнот. Во гаснењето учествуваа мештаните и екипата на ТППЕ Прилеп кои се трудеа со крајни напори затоа затоа што не располагаат со доволен број на човечки кадар, ниту пак со соодветна механизација и теренски возила. Жителите доцна попладнево беа преплашени.

 

 

„Има цистерна која стои блиску до селото и го штити. Пожарникари има неколку мина, но пожарот неможе да се изгасне, вероватно неможе ниту со цистерна, освен со хеликоптер, а многу е блиску до селото и ситуацијата е катастрофална“, истакна Димче Стојкоски, жител на село Подмол.

 

„Ситуацијата е критична, ветерот не ни помага, има тука и противпожарни екипи, но залудно. Малку сме луѓе тука, ни требаат поголеми екипи за да може да се справиме со овој оган“, кажа Роберт Петрески, жител на село Подмол.

 

Пожарот започнал пред 4 дена кај селото Крушевица кое се наоѓа на 10-тина км од тука. И поради ненавремената интервенција стигнал до селото Подмол, а сега и до населени места Лопатица и Бонче.

 

„4 дена гори пожарот, никој не се занишува на лице место да види, а кога ќе дојдат избори сите бараме вака или така. А сега никој не гледа во која опасност се наоѓаме во Подмол. Има мали деца, се плашат огнот е дојден до селово, сето е катастрофа голема“, изјави Менде Талески, жител на село Подмол.

 

Од ТППЕ Прилеп рекоа дека утре ќе побараат состанок на Кризниот штаб на Општина Прилеп и активирање во гаснењето на вработените од јавните претпријатија.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien