ВИДЕО – Огромен пожар му се заканува на прилепското село Подмол

Огромен пожар му се заканува на прилепското село Подмол, огнените јазици се дојдени на само околу 300 до 400 метри до самото село. Жителите се обидуваат со сите расположливи сили да го изгаснат, но неповолните услови и силниот ветер не го дозволуваат тоа. На терен се излезени и екипите на ТППЕ Прилеп, но во недоволен број за да се справат со огнена стихија од ваков тип, затоа што не располагаат со доволен број на човечки кадар, ниту пак соодветна механизација и теренски возила.

 

 

Пожарот започнал пред 4 дена кај селото Крушевица кое се наоѓа на 10-тина км од тука. И поради ненавремената интервенција стигнал до селото Подмол. Освен ова село загрозени се и околните населени места Лопатица и Бонче.

 

Жителите бараат итна интервенција на Дирекцијата за заштита и спасување и гасење на огнот со авиони и хеликоптери. Мешттаните велат дека ќе останат будни цела вечер и ќе го чуваат селото од огнот.

 

Повеќе информации се очекуваат подоцна.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien