Покрај македонски, учениците ќе слушаат и интерпретираат песни и од другите националности

Бирото за развој на образованието изготви нови наставни програми по наставниот предмет Музичко образование за шесто, седмо, осмо и деветто одделение, според кои учениците преку музиката, слушањето и интерпретирањето на песни од сите заедници што живеат во нашата држава ќе учат за вредностите и традициите на различните заедници и култури во Македонија.

 

„Она што е новина и она на што инсистиравме при изработката на овие програми, за разлика од досега, е тоа јасно и недвосмислено да биде застапен и препознаен мултиетничкиот карактер на македонското општество. Учениците да слушаат и учат македонски, албански, турски, српски, ромски, влашки, босански песни. Преку избраните песни на овие народи да учат за сопствената, но и за културата, традициите и обичаите на другите. На тој начин, учениците стануваат свесни дека убавината на нашата држава лежи во различностите, во сплетот на култури, претставени, покрај другото, преку различниот фолклор, песни и ора“, велат од Бирото.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien