Страшни поплави во Шпанија, тројца загинати и десетици евакуирани

Обилни поплави погодија вчера делови од Југоисточна Шпанија, при што за 24 часа паднале речиси четири пати повеќе врнежи отколку што е нормално за овомесечниот просек, пренесуваат агенциите.

 

Поради поплавите досега загинале три лица, а десетици морале да ги напуштат своите домови.  51-годишна жена и нејзиниот 61-годишен брат биле пронајдени мртви под автомобил што се превртел кај Каудете, стотина километри јужно од Валенсија, додека третата жртва е најдена заглавена во автомобил во поплавен тунел во Алмерија.

 

 

Противпожарната служба на Валенсија информира дека спасувачките екипи спасиле три лица од река. За време на спасувачката операција, четворица полицајци биле повредени, а едно лице од реката било извлечено со хеликоптер.

 

Како што пренесува „Гардијан“, повеќе од 200 војници и 100 воени возила се распоредени во погодените подрачја за да им помогнат на локалните власти.

 

 

Обилните врнежи предизвикаа и проблеми со вештачките акумулации во тој од Шпанија. На една од снимките се гледа како вештачкото езеро во градот Алманса, во регионот Албасете, се прелева преку браната поради интензивните дождови.

 

 

Црвениот аларм е сè уште активен во провинциите Алмерија, Аликанте, Валенсија и Мурсија, предупреди шпанскиот метеоролошки институт.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien