Тело на маж исчезнат пред 20 години пронајдено со помош на „Гугл мапс“

Посмртни останки на човек што исчезнал пред дваесет години беа пронајдени во потопен автомобил на Флорида, кој жителите го забележале на „Гугл мапс“, пренесува Би-би-си.

 

Вилијам Молд, од Лантана на Флорида, бил пријавен како исчезнат на 7 ноември 1997 година. Тогаш бил на возраст од 40 години, а во полиција било пријавено дека не се вратил дома по вечерно излегување. Почнала истрага, но неговото тело не било пронајдено, па случајот бил затворен.

 

На 28 август годинава, 22 години по неговото исчезнување, полицијата го пронајде неговото тело во автомобил потонат во езерце во населбата Мун Беј, во областа Велингтон.

 

Потопениот автомобил на мапите на „Гугл“ прв го забележал поранешен жител на тоа место. Потоа, тој контактирал со познаник кој сè уште живее во Велингтон, кој ја пребарал областа со дрон. Кога видел дека навистина има автомобил во езерцето, тој стапил во контакт со полицијата.

 

Шерифот на округот Палм Бич за Би-би-си изјавил дека полицијата претпоставува дека Молд загубил контрола над возилото додека возел по патот над езерцето.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien