ЈП патишта ќе ја мери носивоста на патот Фаришка клисура – Прилеп, апелираат за внимателно возење

Јавно претпријатие за државни патишта денеска од 10 до 17 часот со специјално мерно возило ќе врши мерење на патот  А1, делница Фаришка клисура – Прилеп.

 

Како што соопшти АМСМ, мерењето се состои од застанување на секои 100 метри на патот и мерење на носивоста на коловозот со спуштање на товар.

 

Од Автомото друштвото замолуваат на трпеливост и крајна внимателност при возење на горенаведената патна делница.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien