Годишен концерт на КУД „Мирче Ацев“ од Прилеп

На 14 септември, во сабота во големата сала во НУЦК Марко Цепенков, со почеток од 20 часот, КУД„Мирче Ацев“ Прилеп ќе го одржи својот 72-ри годишен концерт.

 

Покрај членовите на прилепското друштво, гости на концертот ќе бидат и хрватското културно уметничко друштво „Коло“ од Суботица, од Р. Србија. ХКУД„Коло“ е младо фолклорно друштво во кое членуваат припадници на хрватското малцинство во Србија, кои се идентификуваат како посебен етникум Буњевци. Ова друштво е оснoвано со цел да се зачуваат буњевачките игри, песни, носии, инструменти и обичаи, како би го истакнале својот идентитет.

 

Членовите КУД „Мирче Ацев“ од Прилеп, во почетокот на Август, оваа година, беа гости во Суботица на фестивалот „Дужијанца“, каде беа срдечно пречекани од хрватскиот културен центар „Буњевачко коло“ од Суботица, но по покана од претседателот на ХКУД„Коло“, Андрија Башиќ Палковиќ. Од тука започнала соработка со тоа друштво, а продолжува во Прилеп, каде буњевците од Суботица ќе бидат гости во нашиот град.

 

КУД „Мирче Ацев“ оваа година реализираа бројни концертни турнеи, покрај во нашата држава, гостуваа во Србија, во Бартин, Турција, како и во Познањ, Полска, каде во октомври повторно ќе гостуваат на покана на Институтот за Славјанска филологија.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи