ВИДЕО – Спасен манастирот Свети Димитриј кај Селце, но се уште гори огромен дел на Селечка планина

Големиот пожар кој му се закануваше на манастирот Свети Димитриј кај селото селце во Прилеп и кој стигна на само 50-тина метри од црквата и конаците е ставен под контрола и локализиран. Но се уште гори огромен дел на Селечка Планина, а во голема опасност да изгори е единствениот активен планинарски дом во прилепско т.н. „Томов дом“ и неколку други помали планинарски објекти за одмор. Во моментов пожарот го гаснат пожарникарите од ТППЕ Прилеп, 100-тина вработени во јавните претпријатија во градот, како и голем број доброволци од Прилеп. Исто така огнот се гаси и со 2 авиони на Дирекцијата за заштита и спасување. Од надлежните институции упатуваат апел до сите граѓани кои можат да дојдат на Селечка планина и доброволно да помогнат во гаснењето на пожарот.

 

 

„Се јавивме во Дирекцијата за заштита и спасување исто така се јавивме директно кај министерот за МВР, Оливер Спасовски, каде што ни одговорија дека за многу брзо време ќе добиеме воздушна поддршка, тоа и се случи. Околу 80-тина пешадијци од ТППЕ Прилеп, Јавните претпријатија и граѓани доброволци се упатени кон гаснење на пожарот“, истакна Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

 

Инаку пожарот започнал во моментот кога кај манастирот се наоѓале околу 500 ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Прилеп кои таму биле на еднодневна екскурзија. Наставниците веднаш го пријавиле пожарот во ТППЕ Прилеп и полека започнале со безбедно заминување на сите ученици од местото на пожарот.

 

„Имавме план како да ги евакуираме учениците, успеавме во колона пешки со колегите пешки да ги извлечииме децата. Огнот до манастирот се прошири за само 10-тина минути“, кажа Зоран Сребреноски, директор на ООУ „Св. Климент Охриски“ Прилеп.

 

Актривен пожар во овој регион има и кај селата Саждево и Јакреново во Општина Крушево кој започнал скоро во исто време како овој пожар во Прилеп. Според првичните и неофицијални информации причина за овие пожари е човечки фактор, но секако ова треба да го потврдат и докажат надлежните институции.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи