ВИДЕО – Прилепските актери бараат одделување на театарот од Центарот за култура и побрза изградба на нов театар

Прилепските актери со допис до Министерството за култура бараат одделување на театарот од Центтарот за култура „Марко Цепенков“ под чија капа се наоѓаат од 2004 година. Бараат театарот повторно да стане посебен правен субјект Народен театар „Војдан Чернодрински“.

 

 

„Испратено е писмо како иницијатива на кое што се потпишани сите актери и вработени во оваа институција за конечно одделување на оваа институција од Центарот за култура, за театарот да биде еден правен субјект, Народен театар „Војдан Чернодрински“. Еве баш денеска на влезната врата го поставуваме името на оваа институција. Направени се многу обиди, мислам дека нема да запреме, затоа што и нашата енергија и желба и мотив да се случи, да се направи нешто подобро за овој театар, нема да не остави индиферентни во однос на секое прашање кое не засега нас, како активни учесници и луѓе кои се занимаваат со овој театар, но и како град кој навистина заслужува едни подобри услови за театарот и еден театар кој ќе биде Народен театар „Војдан Чернодрински“, истакна в.д директорката на Центарот за култура Марија Спиркоска Илијеска, која е и актер во театарот „Војдан Чернодрински“.

 

Спиркоска Илијеска истакна и тоа дека биле покренати и прашањата за изградба на нов театар, како доградба на зградата Центарот за култура „Марко Цепенков“, а исто така било отворено и прашањето за реновирање на старата зграда на прилепскиот театар која сега се наоѓа во ужасна состојба и нема елементарни услови за подготвување на претстави и нормално функционирање на актерите.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи