„Вардарски пастуви“ на Театар Комедија во среда во Цепенков

На 2 октомври 2019, среда, од 20.00 часот во ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде прикажана претставата „Вардарски пастуви“ на Театар Комедија.

 

Претставата е за скопска маалска банда која седи и не прави ништо. Нивното нефункционирање во средината не се должи на нивната неспособност, туку на нивната инертност и на тоа што не сакаат да се потрудат и да направат нешто повеќе со себе во животот. Се интересираат само за фудбалскиот клуб „Вардар“ и за фудбалот. Во момент на апатија и незаинтересираност, во оглас во весник наоѓаат интересна понуда за работа – машки стриптиз.

 

Вардарски Пастуви е претстава направена според Фул Монти од Симон Буве и Дамите бираат од Ентони Мекартен и Стивен Синклер, како и скопски урбани легенди

Избор на музика, Превод, Адаптација и Режија: Синиша Евтимов
Сценографија: Милан Несторов
Костимогфрафија: Александар Ношпал
Кореографија: Саша Евтимова

Играат:

 

Атанас Атанасовски – Џаро

Валентин Костадиновски- Тино – Брзи

Жарко Димовски – Жица

Илија Илиовски – Касап

Столе Мицов – Лепи

Едмонд Сотир -Роки

Ердоан Максут – Шеф

Жаклина Петровска – Лина

 

Претставата е наменета за публика над 17 години, пред се заради јазикот, а не голотијата.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien