Изложбата „Борба и страдање – Полските граѓани за време на Втората светска војна“ во ЦК „Марко Цепенков“

На 2.10.2019, среда, во 12.00 часот во ЦК„Марко Цепенков“ Прилеп ќе биде отворена изложбата „Борба и страдање – Полските граѓани за време на Втората светска војна“. Изложбата ЦК „Марко Цепенков“ ја реализира во соработка со Амбасадата на Полска.

 

Изложбата е подготвена од полското Министерство за надворешни работи и Музејот на втората светска војна од Гдањск за одбележување на 80-годишнината од избувнувањето на војната која започна со нападот на нацистичка Германија на Полска.  Овој најголем вооружен конфликт во историјата донесе огромни човечки и материјални загуби, а исто така имаше големо влијание врз политичките и територијалните промени во Европа по 1945 година.

 

Изложбата ја раскажува историјата на полската борба против тоталитарниот режим, копнежот по слобода и хероизмот да се спасат други, храброста на војниците и обичните луѓе, заедничка борба против непријателот и борбата за слобода на другите земји.

 

На отворањето на изложбата се очекува и присуството на амбасадорот на Полска.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien