Кинески криминалец уапсен по 17 години бегство, откако бил пронајден со дрон

Кинеската полиција уапси маж кој бил во бегство 17 години, така што со помош на беспилотни летала е откриено неговото засолниште. 63-годишникот, идентификуван како Сонг Џианг, бил во затвор поради трговија со жени и деца, но во 2002 година побегнал.

 

Живеел во мала пештера далеку од сите. Полицијата од Јонгшан добила дојава за тоа каде Сонг се наоѓа од почетокот на септември, а трагите ги воделе до планините зад неговиот роден град во провинцијата Јунан, на југозападот на Кина.

 

Откако вообичаените потраги не вродиле со плод, властите испратиле дополнителни беспилотни летала да им помогнат на офицерите. Дроновите на крајот на една стрмна карпа снимиле плоча со сина боја, како и траги од ѓубре во близина. Полицијата потоа пеш го пронашла Сонг во мала пештера. Толку долго живеел сам што му било тешко да комуницира со службениците.

 

 

Сега г. Сонг е вратен на во затворот каде продолжува со отслужување на казната.

 

Ова не е првпат во Kина да се користи современа технологија за откривање на бегалци. Минатата година во април полицијата во кина со помош на технологија за препознавање на ликови на концертот на Џеки Чеунг кој го следеа 60 000 посетители успеа да препознае бегалец од правдата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien