Спектакуларна парада на која Кина ја покажа својата воена моќ

На спектакуларна парада по повод одбележувањето на 70-годишнината од основањето на Народна Република Кина, беше прикажана кинеската воена моќ.

 

Воената парада во која учествуваа 15.000 војници, 580 единици на техниката, 160 авиони и хеликоптери, ја следеше претседателот Си Џинпинг, кој инспириран од традицијата, носеше сив Мао-костум и ја гледаше парадата од истото место каде што стоеше Мао кога го објави основањето на Народна Република Кина на 1 октомври 1949 година.

 

„Нема сила што може да го разниша статусот на оваа голема нација. Ниту една сила не може да ги спречи кинескиот народ и кинеската нација да напредуваат“, рече тој.

 

Меѓу големото вооружување, беше прикажана и ракетата „Донгфенг-41“, за која се верува дека има опсег до 15.000 километри (9.400 милји), што ја прави воена ракета со најдолг дострел во светот, а достигнува брзина 25 пати поголема од онаа на звукот, што значи дека до САД може да стигне за 30 минути. Аналитичарите велат дека во неа можат да се соберат дури 10 боеви глави кои можат да погодат одделни цели.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien