Крушево доби седум контејнери, се организира и акција за чистење

Општина Крушево доби седум нови контејнери со кои ќе ја подобрува јавната чистота и, истовремено, го доопремува јавното комунално претпријатие.

 

Контејнерите се набавени преку Амбасадата на Словачка и нивната програма Slovakia Aid, а со цел подобрување на јавната хигиена во општина Крушево под мотото на проектот „За чисто Крушево“, спроведуван од Здружението „Добредојдовте Macedonia Welcome Center“. Исто така во рамките на овој проект се организира и голема акција за чистење на градот на која присуствува и Амбасадорот на Словачка Н.Е. Хенрик Маркуш.

 

„Преку проект на здружението „Добредојде Macedonia Welcome Center“ организираме голема акција за чистење и преку Словачката амбасада добиваме нови седум контејнери кои се веќе во Крушево. Работиме активно на јавната чистота од една страна со опремување на јавното комунално претпријатие „Комуна“ и од друга страна со подигање на свеста кај граѓаните“, изјави градоначалникот на Општина Крушево, Томе Христоски.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien