Помпео: САД ќе продолжат да бидат партнер на Македонија

Генералниот секретар на САД, Мајк Помпео истакна дека САД ќе продолжат да бидат партнер на С. Македонија и изрази благодарност за придонесите на нашите војници во мисиите на НАТО, изразувајќи убеденост дена Сенатот на САД есенва ќе го одобри протоколот за пристап на С.Македонија во Северноатлантската алијанса.

 

Помпео нагласи дека борбата против корупцијата е мошне важен елемент во процесот на присоединување кон ЕУ и НАТО.

 

„Како светски лидер во демократијата, Америка поддржува земји кои се цврсто посветени на владеењето на правото. Ги поздравуваме чекорите кои вашата Влада ги презема да се бори против корупцијата и секого кој ја злоупотребува положбата довербата на јавноста. Борењето против корупцијата е клучно за вашето пристапување во ЕУ и НАТО, но уште поважно е да демократијата и вашиот народ“, рече Помпео.

 

Тој изрази уверување дека Сенатот на САД ќе го ратификува протоколот за пристапување на Македонија во Алијансата, а ги поздрави и договорите со Грција и Бугарија.

 

Помпео изрази задоволство што неговата посета на земјава се совпаѓа со 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу САД и Северна Македонија. Инаку ова е прва посета на државен секретар на САД по 2001-та.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien