Русија ѝ помага на Кина да направи ултрамодерен систем за предупредување од ракетни напади

Москва му помага на Пекинг да направи систем за предупредување од ракетни напади, какви во моментов имаат само САД и Русија, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

 

„Ние сега им помагаме на нашите кинески партнери да развијат систем за предупредување од ракетни напади. Ова е многу сериозна работа, која драматично ќе ги подобри одбранбените капацитети на Народна Република Кина“, кажа Путин на форумот Валдај, пренесува ТАСС.

 

Системот за предупредување за ракетен напад комбинира копнени радари и сателитски во орбитата на Земјата, кои детектираат лансирање балистички ракети и ја пресметуваат нивната траекторија. Податоците потоа се пренесуваат до командниот центар, каде то може да се донесе одлука за тоа како да се одврати нападот и да се одговори на него.

 

За време на конференцискиот повик со новинарите, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одби да каже кога системот ќе биде оперативен.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien