ВИДЕО – Интензивни подготовки и припреми за апликацијата „Маркови Кули“ да влезе на постојаната листа на заштита на УНЕСКО

За околу 2 години се очекува локалитетот Маркови Кули кај Прилеп да влезе на постојната листа на заштита на УНЕСКО, со тоа ова место после Охрид ќе биде вториот регион во Македонија кој ќе биде под заштита на ова Меѓународна организација. Ова беше потенцирано на меѓународниот научен собир во Прилеп посветен на доцносредновековните градови на Балканот.

 

 

„ Во моментов се изработува стратегиска оценка за загрозеноста на подрачјето на „Марковите Кули“ и планот за управување. Краен рок за доставување, паралелно со Охридскиот регион, е до крајот на овој месец, а формално-правно до крајот на годинава ќе биде завршена првата фаза. Паралелно, тече процесот на реноминација, како единство на културни и природни содржини. Со тоа ги правиме првите чекори кон официјализација на процесот“, истакна Бранислав Ристески, директор на Институтот за старословенска култура.

 

Една од идеиите која веќе се разгледува во Прилеп е овој гард да стане центар за развојот на конгресниот туризам и место каде ќе се одржуваат голем број дебати, собири и трибини поврзани со ова научна тематика.

 

„Прилеп како средиште на овој значаен културен комплекс „Марковите кули“, на некој начин иницираме да стане и средиште и на сегментот историја на културното наследство и со то на еден индииректен начин воведуваме принцип на туристичка експлоатација на овој регион“, додаде Ристески.

 

Бугарските археолози кои пак беа присутни на овој собир истакнаа дека за поголема промоција на овие археолошки локалитети на Балканот е изградбата на соодветна инфраструктура до нив.

 

„И ние во Бугарија го имаме тој проблем. Тие локалитети што се до морето или до главните патишта се попосетувани. Кога доаѓав тука го посетив Стоби, бидејчи е до автопатот, а тука е малку на страна. Треба да се гради подобра инфраструктура, но морам да кажам дека ние во Бугарија имаме пофалби за тоа како Македонија ги одржува локалитетите“, истакна Валери Јотов, археолог од Бугарија.

 

Токму со влезот во УНЕСКО се очекува популариизација на светско ниво на локалитетот Маркови Кули и зголемување на бројот на туристи.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien