ВИДЕО – Експертите согласни : Политиката во Македонија предизвика огромни нервни растројства кај граѓаните

Партиите во Македонија се главната причина за паранојата која владее во општеството, омразата, агресијата и насилството во изминативе 27 години. Тие секојдневно манипулираат со народот и го поделија буквално по сите основи. Токму затоа се поголем е бројот на психички нарушувања кај граѓаните. Ова беа главните поенти на предавањето на познатиот македонски невропсихијатар Методиј Чепреганов кое го имаше во Прилеп.

 

 

„Во Македонија царува насилство, агресија, омраза, злоба, завист, љубомора и параноја. Тоа го прават само партиите и тоа тврдам со целото мое искуство од 60 години. Нашиот народ е манипулиран во секоја основа, секаде, за жал. Нашиот народ е расцепен, раздвоен, разслоен, меѓу едните биле леви, другите биле десни“,истакна невропсихијатарот Методиј Чепреганов.

 

Со ова се согласуваат и психолозите според кои како народ сме го нарушиле основниот систем на вредности. Токму тоа надградено со економската нестабилност носело се поголеми психички нарушувања, особено кај младата популација.

 

„Некои млади се адаптираат, други млади некако запаѓаат во апатија и во резигнираност. И од тука произлегува и самата анксиозност, депресивни состојбии кај населението итн. И третата група на луѓе е онаа која земинува од државава. Заминуваат некаде каде што можат да се снајдат, односно онаму каде што има систем на управување и во кој што може да веруваат“, истакна Марија Ангелеска, психолог.

 

И граѓаните главниот виновник за депремираното општетсво го гледаат кај партиите но и кај дел од медиумите кои долеваат масло на огнот и ја поддржуваат оваа ситуација.

 

„Политиката си го направи своето, партиите го разделија народот“, вели еден граѓанин.

 

„На телевизија кај пушти вести и само слушаш се напаѓаат партиите меѓусебе и народот тоа и го прима“, кажа друг граѓанин.

 

„Агресивни се затоа што немаат пари, агресивни се затоа што немаат вработување, младите ни заминаа“, додаде една граѓанка.

 

Експертите излезот од оваа ситуација го гледаат во тоа граѓаните да не дозволуваат повеќе да бидат манипулирани од политичарите, контрола на емоциите и медиумите да го поттикнуваат позитивниот начин на однесување.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи