За прв пат во историјата на Прилеп – БК „АС“ второ место во младинската и сениорска лига

На 5.10.2019 во Штип се одржа 6-тото и последно коло на боксерската младинска и сениорска лига на Македонија. Организатор беше боксерскиот клуб Пинк Пантер од Штип и Боксерката Федерација на Македонија (БФМ). Учество зеде и Боксерсскиот клуб АС од Прилеп под водство на тренерите Ѓорѓи Чатлески и Дарко Чатлески.

 

Пријавени боксери беа : Дамјан Талимче , Мартин Алексоски , Далибор Каранфилоски во кадетска конкуренција и Матеј Чатлески во категорија деца. Од сите пријавени зедоа учество само Дамјан Талимче и Мартин Аексоски , другите 2 боксери немаа противници.

 

Мартин Алексоски ја загуби борбата а Дамјан Талимче победи со технички нокаут во 3-та рунда.

 

Освојувачи на боксерската младинска лига : 1 место БК Шкендија но лимит Тетово, 2 место БК АС Прилеп, 3 место БК Борец Велес.

 

Во овие 6 кола во лигата учествуваа и боксерите : Трајче Илиоски , Ерѓун Бајрамоски , Бојан Станојоски , Леонардо Ангелески , Димитар Ангелески .

 

Покрај напорните тренинзи сите боксери добиваа и губеа борби но сепак дојдовме до второто место. Боксот е еден од најтешките спортови , нашиот клуб по втор пат го освојува второто место во младинската боксерска лига на Македонија . И овој резултат е за прв пат во историјата на нашиот град Прилеп.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien