ВИДЕО – Производството на мед континуирано се намалува – причини климатските промени и прекумерната употреба на хербициди

За 3 децении производството на мед во Македонија е намалено за 3 до 4 пати. Ако во минатото од пчелно семејство се собирало по 50 кг. на мед, денес просекот бил само од 10 до 15 кг. Нaјголем виновник биле климатските промени и употребата на хемиските препарати при прскањето на овошјето и зеленчукот.

 

 

„Проблем е намалувањето на бројот на пчелни семејства со прекумерната употреба на хербициди, односно прекумерна употреба на хемија во земјоделското производство“, истакна Љупчо Ѓорѓиоски, претседател на Братство.

 

„Намалувањето на сточниот фонд влијае врз намалуавањето на пчелите, бидејчи стоката со својот измет придонедува за збогатување на вегетацијата“, рече Димитар Алексоски, производител на мед.

 

„Големи суши дојдоа, производството се намали“, вели Богоја Неданоски, производител на мед.

 

Еден од основните проблеми со кои се соочувата пчеларите во Македонија е и тоа што кај нас нема и не се проиведуваат лекарства за нив. Бараат државата да го регулира нивниот увоз.

 

„Увозот некако е многу отежнат и мораме да се снајдуваме по недозволени начини. Имаме и лекарства кои сега се забранети, во времето биле дозволени, но сега не, а за жал ние се снајдуваме кој какјо ќе најде“, додаде Димитар Алексоски, производител на мед.

 

Пчеларите се пожалијан и тоа дека кај нас нема култура за конзумација на медот, односно е многу мала во споредба со европскиот просек. Се жалат и на увозот на лажен мед.

 

„Кај нас медот се користи исклучиво по потреба, за мали деца и болни, но тоа е влијание на стандардот“, истакна Трајко Ковилоски, производител на мед.

 

Инаку во Прилеп по повод празникот 11 Октомври традиционално по 10-ти јубилеен пат се одржува Фестивалот на медот кој ќе трае 4 дена.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien