ВИДЕО – Со саем на земјоделски производи и конференција во Прилеп одбележан „15 октомври – Меѓународниот ден на руралната жена“

Прекрасната изведба на неколку народни песни од страна на децата од градинката „Наша иднина“ од Прилеп беше дел од манифестацијата за одбележување на 15 Oктомври „Меѓународниот ден на руралната жена“. Организацијата на настанот беше на ЛАГ АГРО ЛИДЕР  во соработка со Општина Прилеп. За оваа цел на платото кај градскиот часовник се одржа Саем на земјоделски производи, а исто така во големата сала на Општина Прилеп се одржа конференција за „Зајакнување на руралната жена”.

 

 

На настанот беше потенцирани дека во светот од 60 до 80% од храната ја произведуваат токму руралните жени, а додека во распределбата на приходот учествуваат само со 7 %. Сликата во однос на правата на руралната жена не е многу поразлична и кај нас.

 

 

Проблемите се многу комплексни за руралната жена, пред се потребни се подобрување на условите во живот на село. Проблемите започнуваат од неможноста за пристап до разни јавни сервиси, од немањето на транспорт за да пристапи до одредени места, па се до несоодветниот пристап на институциите, неможноста да добие пензија, нерачунувањето на домашната работа или т.н. егзистенционално земјоделство. Значи руралните жени и кога не произведуваат за пазар имаат големи активности околу земјоделството кое е за домашни потреби како поддршка на семејството“, истакна Благица Секоска, професор по рурална економија на факултетот за Ветеринарна медицина.

 

На последните локални избори само 2 жени се избрани градоначалнички во рурални општини. Една од нив е Јасмина Гулевска, градоначалничка на Општина Могила. Таа вели дека проблемот со родовата еднаквост не е застапен само во Македонија, вели дека се потребни повеќе финансии и фондови за подобрување на статусот на руралната жена.

 

Со зголемување на Фондовите за искористување во делот кај руралната жена, отворање на нови фондови особено преку Министерството за земјоделство и Агенцијата за финансиска поддршка во развојот, преку Министерството за социјална политика и труд и сите други инстанци, сметам дека треба да се приближиме до некои поевропски стандарди, онаму каде што веќе се случуваат некои мрежи на организации, кои поддржуваат други мрежи на организации, каде што се зачленуваат членки на волонтерска база и каде ги вклучуваат жените особено од руралните средини во процесот на одлучување“, истакна Јасмина Гулевска, градоначалничка на Општина Могила.

 

 

 

Захарина Христоска една од руралните жени, членка на здружението „Крушевска жена“, кои беа дел од Саемот на земјоделски производи. Порачува дека со ваквите настани се афирмира улогата на руралната жена и дека само со здружени сили руралните жени можеле повеќе да постигнат.

 

„Целта на нашето здружение е да се јакне крушевската жена. Нашето здружение се занимава со производство на домашни производи, како ликери, домашна ракија, слатка, сирупи и друго. Нашите производи ги пласираме на различни базари, тоа многу ни помогна жените се трудат се повеќе да го зголемат своето производство, но исто така внимаваат и на квалитетот“, изјави Захарина Христоска, член на здружение „Крушевска жена“.

 

 

 

Од ЛАГ АГРО ЛИДЕР велат дека со организацијата на конференцијата и на Саемот  целта им била да се прикаже руралната жена како двигател на руралниот економски развој.

 

Како држава имаме некој напредок во спроведување на стратегијата за родова еднаквост, но сепак застапеноста на жените, а особено застапеноста на жените од руралните средини во процесите на одлучување ии креирање на политики е на многу ниско ниво, така што со вакви настани и со продолжување на дополнителни активности би сакале да се подигне свеста, да се активираат жените и да бидат навистина вклучени во процесите на креирање на политики кои соодејствувата на нивните реални потреби. Со цел да обезбедиме социијално и економско зајакнување на руралната жена, а со тоа би обезбедиле и одржлив рурален развој“, кажа Марина Тошеска, ЛАГ АГРО ЛИДЕР.

 

„На саемот има изложувачи, односно жени произведувачи на примарни и секундарни земјоделски производи. За таа цел тука ги имаме Блага Трајкоска која произведува органски планински мед, здружението „Крушевска жена“ која што работи под слоганот „Домашно е, од Крушево е“ со традиционални месени производи, шумски плодови и домашни рецепти. Потоа ги имаме „Зора лек“, органски ливадски мед. Имаме козјо сирење и пчелни производи од пчеларство Бошкоски“, додаде Даниела Цветаноска, ЛАГ АГРО ЛИДЕР.

 

Австрискиот аташе за труд, социјална политика, здравство Харалд Фугер кој присуствуваше на конференцијата истакна дека и жените во Австрија се соочуваат со слични проблеми како во Македонија и дека и тие немаат право над имотот и слично. ТОј порача дека исто така треба да се бориме за намалување на јазот при вработување помеѓу мажите и жените.

 

Ситуацијата со руралните жени во Австрија понекогаш е многу предизвикувачка поради тоа што и жените од руралните средини во Австрија често пати се соочуваата со економска зависност, немаат право на имот, а сето тоа влијае врз состојбата со руралните жени во Австрија. Тоа е предизвик и треба понатаму да се работи на економската независност на жените за подобрување на социо-економската состојба во општеството. Жените кои се вклучени во земјоделскиот сектор во Австрија работат како фармери, но во последно време како што знаете тие се селат во поголемите градови и го напуштаат земјоделското производство и при тоа земјоделскиот сектор останува без доволно капацитети. Постојат многу можности за вработување на жените и за зголемувањен на бројот на вработени во земјоделскиот сектор, но тоа е предизвик заради тоа што жените освен тоа што извршуваат земјоделски работи тие исто така се грижат за семејството и тоа е тој традиционален начин и уредување на семејството, дури и во Австрија“, изјави Харалд Фугер, австриски аташе за труд, социјална политика и здравство.

 

Инаку ова е прв пат Општина Прилеп да се вклучи во активностите на светската кампања – 17 дена активизам за зајакнување на руралната жена, со цел да го поддржи движењето за зајакнување на руралните жени и нивните заедници.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи