Одржана 32 седница на Советот на општина Прилеп

Членовите на Советот на општина Прилеп денеска ја одржаа 32. седница, на чиј дневен ред се најдоа повеќе прашања од интерес на граѓаните.

 

„Советот даде согласност на Програмите за изведување научно наставни екскурзии во учебната 2019/2020 година во основните училишта, за III, V, VI и IX одделение, а ги усвои и измените и дополнувањата на Решението за именување претставници на општина Прилеп во училишните одбори. Советниците ја усвоија и Информацијата за безбедносната состојба на подрачјето на Полициската станица од општа надлежност од Прилеп, за првото полугодие од 2019 година. Исто така, членовите на Советот ги прифатија Одлуките за пресметување на бодот на платите на вработените во јавните комунални претпријатија и Домот за стари лица ‘Киро Крстески – Платник“, изјави претседателот на општинскиот Совет, Миле Талевски.

 

На денешната седница прилепските советници дадоа согласност за Годишниот план за вработување во 2020 година и Статутот на Домот за стари лица, а ги усвоија и предлог одлуките за легализација на бесправно изградени објекти на граѓани од Прилеп и населените места.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи