Шпанија ги преместува посмртните останки на диктаторот Франко, во иднина нема да го слават

Facebook
Twitter
Email
Print

Шпанската Влада соопшти дека в четврток ќе ги ексхумира посмртните останки на некогашниот воен диктатор, генералот Франциско Франко од големиот мавзолеј во комплексот Долината на паднатите надвор од Мадрид.

 

Постапката е одобрена откако Врховниот суд неодамна ги одби приговорите на семејството на Франко за преместување на останките.

 

Посмртните останки на Франко ќе бидат пренесени на државните гробиштата во близина на градот, и тој ќе почива до неговата сопруга. На церемонијата ќе присуствува неговото семејство.

 

Франко кој владееше со цврста рака по крајот на граѓанската војна во земјата ( од 1939 до 1975 година) е закопан во импозантна базилика претворена во мавзолеј во Долината на паднатите, која се наоѓа на 50 километри до Мадрид. Властите во Шпанија сметаат дека државата не треба да го слави диктаторот, па преместувањето на останките им беше еден од приоритетите.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи