Во огнена стихија изгоре симболот на Јапонија, 500 години стариот дворец Шури

Facebook
Twitter
Email
Print

500 години стариот замок Шури во јужна Јапонија, кој се наоѓа на листата на светско културно наследство на УНЕСКО, речиси целосно изгоре во пожар.

 

Пожарот избил во раните утрински часови, а 20 противпожарни екипи цели 11 часа го гаснеа пожарот кој најверојатно почнал во главната хала на замокот. Потоа се проширил низ седум главни структури во објектот на околу 4.800 метри квадратни на ридот во градот Наха, во јапонската провинција Окинава.

 

Со оглед на фактот што пожарот избил во утринските часови, никој не е повреден во инцидентот, а жителите кои што живееле во близина биле евакуирани, соопштија локалните власти. Причините за огнената стихија се уште не се познати, а надлежните покренале и истрага.

 

Замокот Шури, датира од 14-от век, и е главна туристичка дестинација на Окинава. Тој го претставува Кралството Рикију, кое траеше 450 години се додека независното кралство не беше анектирано од Јапонија во 1879 година. Шури бил запален во текот на битката за Окинава во 1945-та година, но најголемиот дел од дворецот бил обновен во 1992-ра година. Во 2000-та година замокот беше ставен на листата на локации од светско културно наследство.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи